Шумахер ќе остане инвалид до крајот на животот
Михаел Шумахер ќе остане инвалид до крајот на животот- ова го соопшти медицинскиот експерт Ерих Ридерер.
Тоа е последица на несреќата која германскиот возач ја доживеа на 29-ти декември минатата година за време на скијање поради која беше во кома до 16-ти јуни оваа година.
Откако се разбуди од кома светскиот број еден во Формула, многу експерти изјавуваа дека неговото опоравување нема да биде онака како што многумина очекуваат. За жал, тоа го потврди и специјалистот за неврологија Ерих Ридерер.
-Ќе остане инвалид до крајот на животот, ќе биде зависен од други луѓе, прецизно изјавил Ридерер, кој притоа додал дека Германецот има трајни оштетувања и дека ќе биде голем успех доколку за три месеци ќе може сам да седи, а за шест да управува со електрична инвалидска количка.
Медицинските експерти тврдат дека само еден од десет пациенти, кои по толку месеци се разбудиле од кома, успеале да се опорават целосно или делумно да ги вратат менталните и физичките капацитети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа