Фудбалер на Вардар нападна полицаец
Кривична пријава поради напад над полициски службеник е поднесена против фудбалер на Вардар, лидерот на табелата во првата фудбалска лига.
Скопски Вардар славеше со 1-2 на гостувањето кај Брегалница во Штип во третото коло од Првата Македонска Фудбалска Лига, со победоносен погодок постигнат дури во 96-тата минута од мечот, иако беа додадени дополнителни 4 минути по регуларните 90 минути игра.
Според информациите кои ги пренесува штипската телевизија „Ирис“, по завршувањето на мечот во Штип тамошната полиција имала полни раце работа.
Имено, наводно дошло до несакан инцидент по крајот на мечот, а воедно и напад врз овластен полициски службеник од страна на вардаров фудбалер, со иницијали Ф.Д.
„По завршувањето на фудбалскиот натпревар и повлекувањето на играчите во соблекувалната од страна на играчите на Вардар биле дофрлувани навредливи зборови кон играчите на Брегалница. Во тој момент дошло до обид за меѓусебна физичка пресметка помеѓу играчите на двата клуба. Веднаш било интервенирано од страна на Полициските службеници при што истите биле спречени во намерата за меѓусебна физичка пресметка. Кога интервенирале Полициските службеници оттргнувајќи ѓи едни од други, играчот на ФК ВАРДАР, - Ф.Д. од позади грб физички го нападна Полицискиот службеник С.Д. удирајки го со тупаница во пределот на вратот, притоа туркајки му ја службената капа на земја.Во понатамошниот напад бил спречен од останатите полициски службеници . Играчот на Вардар Ф.Д. веднаш е приведен и против истиот е поднесена соодветна кривична пријава“ вели Командирот на Полициската станица Штип, Дејан Петров во изјава за штипската телевизија „Ирис“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа