Ливерпул понуди 22 милиони евра за Супер Марио
Премиерлигашот Ливерпул денеска и официјално испрати понуда вредна 22 милиони евра до Милан за трансфер на напаѓачот Марио Балотели, јави телевизијата „Медиасет“.
Како што е наведено, менаџерот на „Црвените од Енфилд“ сака во своите редови да го види италијанскиот репрезентативец кој има искуство од играње во Англија, бидејќи бил член на Манчестер Сити. Балотели треба да го наследи Луис Суарез кој замина во Барселона.
Исто така, се проценува дека на почетокот на официјалните преговори Ливерпул ќе мора да ја подигне понудата, бидејќи Милан не сака да разговара за ослободување на Супер Марио за сума под 25 милиони евра.
Балотели кариерата ја почна во Интер, а потоа во 2010 година отиде во Манчестер Сити, клуб со кој ја освои Премиер лигата. Во јануари 2013 година се врати во Милано, но овој пат како играч на Милан.
За италијанскиот националниот тим одиграл 33 натпревари и постигнал 13 гола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа