Ливерпул сака да го доведе и Самуел Ето

 

Вицешампионот на Англија, Ливерпул е еден од најактивните тимови во овој преоден рок. „Црвените“ од Енфилд донесоа неколку засилувања, а на чекор се да потпишат договори и со двајца напаѓачи, кои би требало да го заменат Луис Суарез, кој замина во Барселона.

Во текот на вчерашниот ден Ливерпул го договори преминот на Марио Балотели од Милан и се очекува денеска трансферот  да биде официјализиран. Ако тоа се случи Балотели ќе може да игра во понеделник во дербито против шампионот и негов поранешен тим Манчестер Сити.

Покрај Балотели и репрезентативецот на Камерун, Самуел Ето е ново потенцијално засилување на „Енфилд“ откако Ето прифатил да игра за 93 илјади фунти неделна плата плус бонуси. Последниве денови имаше гласини дека Евертон и Ајакс имаат интерес да го донесат Ето во своите редови. Ето минатата сезона играше за премиерлигашот Челзи.
Ако дојде до реализација на двата трансфера, Ето и Балотели по вторпат ќе играат во ист клуб, откако претходно настапуваа во Интер.

22.08.2014 - 13:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега