Уапсен дедото на двојниот убиец од Охрид

Полицијата го уапсила дедото на лицето кое се сомничи дека е сторител на двојното убиство во Охрид поради поседување на цел арсенал оружје, дознава Курир

Вчера, по наредба на истражен судија бил извршен претрес во домот на 58-годишниот С.В. и со една од собите на семејната куќа пронајдени се еден автоматски пиштол „Шкорпион“ и 69 парчиња пиштолска муниција калибар 7,62 милиметри.

Полицијата дополнително при преглед на гаражата забележала 15 парчиња муниција калибар 12 милиметри кои биле сокриени во платнен реденик. Пронајдена е и една пневматска пушка „Гамо“ калибар 4,5 милиметри со потврда за истата.

Против приведениот охриѓанец е однесена кривична пријава, а против истиот досега повеќе пати биле поднесувани кривични пријави. Се очекува денес приведениот да биде изведен пред суд.

Во меѓувреме, како што информираат од охридската полиција за Курир, продолжува потрагата по лицето осомничено за двојното убиство во Охрид кое се случи пред два дена.

23.08.2014 - 14:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега