Спортскиот храм Јане Сандански утре ќе блесне во полн сјај

Свеченото отворање на новиот спортски центар „Јане Сандански“ и хотелот „Русија“ ќе се случи утре со почеток во 11:30 часот.

На отворањето ќе присуствуваат и ќе се обратат претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, инвеститорот на објектот Сергеј Самсоненко, градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, Генералниот менаџер на Спортскиот Центар Надица Димовска, како и гереналниот менаџер на хотелот Русија Дина Муцунска.

Ќе биде пуштена во употреба арената, односно централната сала со капацитет од 6.500 посетители, како и хотелот „Русија“. Потоа ќе се отвори помошната спортска сала за кошарка и ракомет со капацитет од 1.500 посетители, како и конгресниот центар.

Дополнителните спортски капацитети планирани се да бидат пуштени во употреба до крајот на годинава, а тоа се тениски игралишта, фитнес и аеробик центар.

Хотелот „Русија“ пак, ќе располага со 61 соба и апартмани, од кои еден претседателски апартман, шест „супериор“, 28 еднокреветни соби, 12 „твин“ и 14 „дабл“ соби. Воедно хотелот ќе содржи спа центар и руф бар.

26.08.2014 - 16:13
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега