Започна судењето за хулиганите кои запалија автобус и дивееја низ Скопје

 

Во Основниот суд Скопје 1 започна судењето за хулиганите кои на 2 март дивееја низ Скопје, како знак на контра протест поради протестите за изборот Талат Џафери да биде министер за одбрана.

Имено, им се суди на 17 лица кои на 2 март годинава вршеле насилства од Владата до Битпазар за време на контра протестот за Талат Џафери.

Беа оштетени возила на полицијата, 2 автобуски станици, беше запален автобус, а два други беа оштетени, беа оштетени и повеќе градби како Музејот на холокаустот и Стариот театар итн. Штетата се проценува на 9 милиони денари.

На судењето се повикани најмалку 30 оштетени лица.

ФОТО: Денешен

најчитано сега