Интегрални панцероти со фил од компир
- 500 грама брашно и тоа 2/4 интегрално, 1/4 пченкарно, 1/4 бело
- 100мл топла вода за квасецот
- 1 коцка свеж квасец
- 1 лажичка сол, шеќер
- 200мл јогурт
- 1 домашно јајце
- Фил
- рендани компира
- 1 главица кромид
- 1лажица бибер
- За премачкување
- лажица путер и јајце за премачкување
- Начин на подготовка: Сето ова, брашно, квасец растопен со шеќер, јогурт, сол, јајце,зејтин, како вистинска домаќинка го ставив во машината за месење леб. Потоа тестото го одвоив на топчиња, ги посипав со пченкарно брашно и од секое топче со калапче направив кругчиња. Ги наполнив со филот и набрзина ги преклопив, немав време за декорација хех хех, немаше време, требаше да се јадат покрај Треска !
Филот е од рендан компир, посолен и процеден. Потоа се запржува кромид и се додава компирот, трпи многу бибер !
Се премачкува со јајце и се прска сусам, ким или други семиња по вкус!
Се печат во загреана рерна на 200 степени и пред крајот се вади и попрскува со 100 мл вода во која се раствора лажица путер или маст (го бојкотираме маргаринот). Се допекува уште 5 минути, ова ги правело ровки, така рекоа искусните домаќинки!
01.09.2014 - 14:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа