Навивачите на Монако бараат обештетување за купените сезонски билети
Продажбата на двајцата најдобри играчи на Монако, Хамес Родригез (Реал Мадрид) и Радамел Фалкао (Манчестер Јунајтед) значително ја ослабе екипата, која лани беше второпласирана во француската Лига 1, па навивачите кои имаат сезонски билети побараа враќање на парите.
Монако претходниот преоден рок ги купи двајцата играчи и избори пласман во Лигата на шампионите, а долго време беше конкурент на ПСЖ во борба за шампионската титула.
Навивачите не очекуваат нивното барање да биде прифатено, но барем даваат до знаење дека не се задоволни.
Со овие заминувања и без ниту едно квалитетно засилување, навивачите на Монако се чуствуваат збунети и фрустрирани.
Сопственикот на клубот Дмитри Риболовљев е на удар на фановите на Монако, по пасивниот однос во преодниот рок за купување нови играчи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа