Попоски на самит во Нато

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска, во рамки на Самитот на НАТО во Кардиф, ќе учествува на сесијата посветена за ангажманот на Алијансата во Авганистан (ИСАФ формат) на ниво на шефови на делегации од сите земји членки на НАТО и земјите партнери.

На Самитот ќе биде организирана и посебна сесија на ниво на министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО со четирите кандидати за членство - Република Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија. Во овој формат ќе се дискутира и за политиката на проширување на Алијансата.

Министерот Попоски во Кардиф ќе ги изнесе македонските видувања во поглед на одложеното членство од 2008-ма година и напорите кои се вложуваат за негова реализација, како и очекувањата од аспект на партнерскиот однос кој го имаме, по констатацијата од Меѓународниот суд за правда за прекршување на меѓународното право од една земја членка на НАТО.

04.09.2014 - 09:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа