Дополнување на Договорот за американска помош за правните реформи

Писмо за согласност за спроведувањето на законите меѓу владите на Република Македонија и САД, денеска ќе потпишат, министрите за внатрешни работи и правда, Гордана Јанкулоска и Аднан Јашари, заедно со американскиот амбасадор Пол Волерс. 

Како што соопшти МВР, станува збор за потпишување на второто надополнување на Договорот за програмите за правна помош, првпат потпишан во август 2012 година.

- Со парафирање на ова дополнување на Договорот всушност се овозможуваат измени на целите и активностите на програмите за правна помош на Владата на САД во согласност со сегашните потреби и околности во Република Македонија, а кои што се должат на пошироката динамика на правните реформи во насока на процесот и аспирациите на Македонија за членство во ЕУ, се наведува во соопштението. 

04.09.2014 - 09:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега