Роналдо конечно проговори за мајката на неговиот син- еве што кажа
Кристијано Роналдо, најдобриот фудбалер на светот едно интервју за каналот „TVI” сосема беше опуштен при што во еден момент му излета од уста одговор за врската со убавицата Ирина Шеик, како и за мистериозната мајка на неговиот син.
-Бракот е навистина еден важен чекор, а јас се уште не сум убеден дека сум подготвен за тоа. Можеби еден ден и јас ке стапам во брак како што сите тоа го посакуваат, рече Роналдо.
Ѕвездата на Реал Мадрид конечно прозборе во врска со мајката на неговото дете за која досега никој ништо не слушнал.
-Да, можам да кажам дека мајката на мојот син е од Португалија, иако мојот син се роди во Америка. Таа е португалка, но сакам луѓето да ја почитуваат нејзината приватност и за тоа нема го кажам нејзиното име. Мојот син е среќно дете, учи во американско училиште, зборува англиски, шпамски и португалски, и многу сака бокс, коли и футбал, додаде ѕвездата на Реал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа