Грците ќе протестираат - Попоски во НАТО претставен како министер од Македонија

Грчката ТВ Мега објави снимка од најавата за пристигнувањето на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во Кардиф на Самитот на НАТО, каде официјалниот спикер го претставува како министер за надворешни работи на Македонија.

Грчката делегација и медиумите ова веднаш го оценија како провокација, а најавено е дека ќе има и официјален дипломатски протест до организаторот на Самитот бидејќи не ја именувал Македонија како „ПЈРМ“.

Видеото погледнете го ТУКА

05.09.2014 - 10:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега