Доктор од Скопје заразен со жолтица

Пациент со жолтица заразлил доктор од Скопје. Лекарот е меѓу седумте новорегистрирани случаи на хепатит А последните 24 часа, информираат за zdravstvo24.mk од Центарот за јавно здравје Скопје. И пред неколку недели исто така имаше случај лекар да биде инфициран со вирусот додека вршел преглед на заразен пациент. Вчерашните 6 новозаболени имале жолтица повеќе од една недела, но вчера се јавиле на лекар. Најмладиот е на 3 годишна возраст, а најстариот заболен има 53 години. Новите случаи со жолтица се од различни скопски општини од Шуто Оризари, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров. И пред неколку недели исто така имаше случај доктор да биде инфициран со вирусот на хепатит А од пациент додека вршел преглед. Досега во главниот град се регистрирани вкупно 107 заболени од жолтица. 20-тина од нив се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести.

05.09.2014 - 13:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега