Порталот факултети.мк во тесна соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци

Дирекцијата за заштита на личните податоци и порталот факултети.мк, потпишаа Меморандум за соработка. Со овој Меморандум се потврдува одличната соработка во континуитет и заедничкиот интерес за едукација и информирање на граѓаните, особено младата популација, на тема приватност, заштита на лични податоци и други сродни области.

Имено, веќе втора година по ред, „Факултети“ е омилениот сајт на јавноста. Втора година по ред, овој сајт го добива признанието за најпопуларен сајт, односно победува без конкуренција во единствената категорија во која гласовите ги дава публиката, а не жирито. Воедно, тоа е простор каде што се пишува за проблемите на студентите, се пласираат информации од нивен интерес, заради што Дирекцијата за заштита на личните податоци сметаше дека е особена важност да се пристапи кон континуирана објава на содржини и материјали за пошироко информирање на целните групи во високото образование за областа на заштита на личните податоци.

Промовирањето на овие и слични теми, во насока на подигање на јавната свест  за потребата од почитување на прописите за заштита на личните податоци, вклучувајќи и содржини за неповредливост на домот, тајност на комуникација, тајност на писма, итн. се прашања насочени кон подобрување на квалитетот на живеење преку ширење на знаење и едукација.

05.09.2014 - 14:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега