УМС на ВМРО-ДПМНЕ ги посети старите лица од домот „Мајка Тереза“

Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на проектот ,,Се грижиме'' оствари посета со старите лица од Домот ,,Мајка Тереза''.

bojan

-На остварената средба преку друштвените игри и гледањето на македонскиот филм ,,Трето полувреме'', сакаме да им се заблагодариме за нивната жртва за сето она што ни го имаат пружено во животот, како и сето знаење и искуство кое ни го имаат пренесено. Во претстојниот период, вакви посети во континуитет ќе се остваруваат во сите градови каде што има вакви домови, за да би можеле колку можеме да им го разубавиме денот и на нив. Покрај тоа што се грижиме за младите луѓе, сакаме со нашата младешка енергија да направиме нешто и за постарите лица, за да им се заблагодариме за деновите и годините кои ги потрошиле за да го имаме ова денес - слободна и независна Македонија, изјави Бојан Стојаноски генерален секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

07.09.2014 - 20:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега