Ристовски: СДСМ обвинува паушално - македонските рамо до рамо со учениците од Велика Британија

Обвинувањата се паушални и жално е за опозициската партија СДСМ, во немоќ и во немање на политичка идеја да излегува и да ги критикува реформите, односно да го критикува квалитетот за она што ние го направивме со поддршка на Кембриџ, истакна заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски во вестите на Сител.

-Сметам дека она што Кембриџ го има зад себе како 850 годишна традиција, како реформи што ги спроведува овој меѓународен образовен центар на Кембриџ, вакви реформи спроведе во 160 земји во светот во над 9 илјади училишта, со што е најголем провајдер на наставни програми во светот. Мислам дека во тој дел СДСМ ја има промашено целта. Навистина е дегутантно да се говори за тоа дали е квалитетна или неквалитетна реформа спроведена со директна подршка на Кембриџ, додаде Ристовски.

Тој додаде и дека учениците од Македонија ќе учат рамо до рамо со учениците на Велика Британија, на една од светските водечки сили во секој сегмент па и во образованието.

Повеќе од гостувањето на Ристовски во видеото на Сител.

07.09.2014 - 20:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега