ФОТО: Филмско запросување во мариовско село

Во мариовското село Зовиќ кај мостот кој е познат по неколку филмски сцени кои таму се снимале, битолчанецот Тони Ристевски ја побарал за сопруга неговата долгогодишна девојка Марија Крстевска, јави ТВ-Тера.

Тони е по потекло од тоа место, а живее во Битола. Тој заедно со своите пријатели заминал кај мостот, каде што беше изненадувањето за неговата девојка и сите други.

„ Марија омажи се за мене” беа зборовите испишани на големото бело платно спуштено од мостот, а одговорот на Марија беше ДА.

Лани, во Зовиќ, по 32 години пауза, во ова село повторно ечеа свадбарските музики, бидејќи имаше македонско-шпанска свадба, на која се венчаа Валентин Секуловски и Џенифер Лонго.

08.09.2014 - 10:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега