Празничен Охридски атлетски маратон

Денеска во Охрид по повод Денот на независноста на Република Македонија по 28-ми пат ќе се одржи Охридскиот атлетски маратон, што традиционално се трча на патеката Свети Наум – Охрид во должина од 30 километри.

Стартот на трката е закажан за 9 часот од кај поранешната караула кај граничниот премин „Свети Наум“, додека првите маратонци на целта на градскиот кеј во Охрид се очекува да пристигнат по 10:30 часот.

Најавено е учество на квалитетни тркачи, меѓу кои и минатогодишниот победник Лајош Берец од Унгарија и рекордерката на патеката србинката Ана Суботиќ.

Охридскиот маратон започна да се организира од 1976 година и се одржуваше непрекинато 18 години се до 1993 година. После прекинот потворно се одржува секоја година од 2004 наваму, а поради големата заинтересираност од општински и републички Охридскиот маратон доби меѓународен карактер.

08.09.2014 - 10:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега