Честитка од САД за Денот на независноста на Македонија

Соединетите Американски Држави и го честитаат на Република Македонија Денот на независноста - 8 Септември.

- Им честитаме на сите граѓани на Македонија за сите постигнувања од независноста наваму. Ние се залагаме да работиме заедно кон демократска, безбедна и просперитетна иднина, наведува државниот секретар Џон Кери  во честитката испратена во име на претседателот Барак Обама и американскиот народ.

Разновидноста на населението во Македонија, стои во честитката, е извор на сила, која продолжува да нуди идеи, енергија и мотивација и ја движи Македонија и целиот регион напред.

-  Горди сме што во изминатите 23 години Соединетите Држави го поддржуваат развојот и транзицијата на Македонија. Остануваме посветени да и помогнеме на Македонија да го зајакне владеењето на правото, да промовира слобода на медиумите и да изгради силни демократски темели на едно инклузивно, мултиетничко општество, ја пренесува во соопштение честитката Американската амбасада во Скопје

 

08.09.2014 - 10:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега