Новите имиња на улиците не се противуставни

 

Уставниот суд нема да поведе постапка за променетите имиња на улиците, мостовите и другите инфраструктурно објекти. На денешната седница судиите ја отфрлија иницијативата за проверка на уставноста на одлуката донесена од Град Скопје минатата година.

Одлуката беше оспорена од скопјанецот Слободан Близнаковски од аспект на постапката на донесувањето, односно дека пред да се донесе Одлуката од Советот на Градот не биле обезбедени мислења од сите 10 општини од подрачјето на Градот и дека некои од донесените мислења од општините до Градот биле дадени од ненадлежен орган, а не од Советот на општината.

 

најчитано сега