Скопјанец нема повеќе да краде - еве што се случило

Единицата за општ криминал – Одделение за имотни деликти - Отсек за тешки кражби, до надлежното Основно Јавно обвинителство - Скопје со кривична пријава го предаде 19-годишниот С.М. од  Скопје кој е осомничен дека  извршил  две кривични дела тешка кражба.

Пријавениот кривичните дела ги извршил на 10.09.2014 година во временскиот период од  11:00 до 13:00 часот  на улиците  „Михаил и Евтихиј“ и „Ѓорги Димитров“ на подрачје на Кисела Вода  при што   одзел поголема количина златен  и сребрен накит, еден  женски часовник и пари  при што се стекнал со 120.000 денари.

Првото кривично дело „тешка кражба во обид“, се појаснува во соопштението, пријавениот го извршил на тој начин што откако незабележан дошол пред куќа на ул.„Ѓорѓи Димитров“ со прекачување  на балконот од дневната соба и со употреба на штрафцигер и нож-бајонет за пушка насилно делувал помегу касата и крилото на балконска врата која успеал насилно да ја отвори, но бидејќи во тоа време бил виден од случаен минувач истиот се откажал од намерата и избегал од местото.

Второто кривично дело го извршил околу 13:00 часот на тој начин што истиот откако незабележан дошол пред куќа на  улица „Михаил и Евтихиј“, влегол во дворот на куќата каде повторно со употреба на ножот-бајонет и штрафцигерот, насилно делувал помеѓу крилото и рамката на затворената влезна врата, која ја отворил и влегол во куќата, при што по извршено пребарување од спалната соба ги пронашол и украл парите и златниот накит. Непосредно по извршувењето на кривичното  дело во куќата наишол сопственикот кој го забележал пријавениот како излегува од куќата и ја скока оградата која го дели со соседната куќа со намера да избега,  истиот успеал да го фати пријавениот и да го предаде на Полициски службеници од ПС-ОН „Кисела Вода“ за понатамошна постапка .

Пријавениот во евиденцијата на Министерството за внатрешни работи минува за сторени кривични дела од областа на имотните деликти „тешки кражби“. 

13.09.2014 - 14:21


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега