Му дошле дома и го изрешетале - пукање го потресе кичевско

Дваесет и три годишниот Л.А. од кичевското село Грешница е повреден откако во него било пукано од огнено оружје.

Драмата се случувала синоќа околу 2 часот по полноќ кога во дворот од семејната куќа на Л.А. дошле две лица маскирани со фантомки кои пукале кон него и го погодиле со два куршума, по што итно бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар.

Полицијата работи на случајот.

14.09.2014 - 12:10


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега