Малолетник преживеал хорор кај ГТЦ

Утринава во еден часот по полноќ на улицата „Филип Втори Македонски“, наспроти ГТЦ, неколку непознати лица извршиле разбојништво над 15-годишниот Р.Д. од Скопје. Насилниците успеале да му одземат златен ланец со приврзок и златен крст. Тие го удриле малоелтникот со тупаница во пределот на левата слепоочница, го турнале на земја и еден од нив му го скинал ланецот и истите се одалечиле во непознат правец. 

Полицијата работи на случајот.

14.09.2014 - 13:03


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега