Им влегле дома со ножеви - хорор за мајка и син од Битола

Двајца маскирани разбојници со фантомки вчера вечерта ограбиле мајка и син во Битола. Разбојништвото се случило откако маскираните влегле во куќата преку незаклучениот помошен влез од приземниот дел и заканувајќи им се со ножеви на 59-годишниот Ј.К. и неговата 81 годишна мајка П.К., одзеле 400 евра и 3.000 денари. За време на настанот еден од насилниците му нанел телесна повреда во пределот на десната рака на битолчанецот.

Полицијата работи на случајот.

15.09.2014 - 10:41


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега