Нема да верувате што направила млада гостиварчанка

Внука и нејзиниот љубовник се осомничени дека извршиле тешка кражба на накит од домот на чичкото на осмничената во гостиварско Чајле на почетокот од септември. Според СВР Тетово, службениците од Полициска станица Гостивар ја расветлиле тешката кражба на златен накит сопственот на Ј.Ј. (54). На две лица С.Ј. (18) од Чајле и А.И. (18) од Чегране им е поднесена кривична пријава.

Двајцата, млади кои биле во љубовна врска,  се сомничат дека на 4-ти овој месец, во попладневните часови, со возилото на А.И. пристигнале пред куќата на Ј.Ј. Користејќи го отсуството на домашните, влегле низ незаклучената врата, а потоа од регал од спалната соба одзеле поголема количина разновиден златен накит. Според пријавата, вкупнате вредност била проценета на 4 милиони и 290 илјади денари.

Во текот на истрагата, било констатирано дека, златниот накит го зел А.И. и вчера при претрес на неговиот дом реализиран со наредба на судија во претходна постапка пронајден е во дворот на куќата сокриен под едно дрво и покриен со лисја и сено.

Двајцата осомничени биле приведени во Полициската станица Гостивар, а вчера определен им е 48 часовен притвор. 

15.09.2014 - 11:31


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега