Спасески: Да се почитуваат правилата во сообраќајот, за помалку жртви на патиштата

 Директорот на Агенцијата за млади и спорт Mарјан Спасески се вклучи во кампањата за безбедност во сообраќајот и по повод оддржувањето на Источно европското првенство упати порака до сите учесници во сообраќајот за почитување на правилата, со цел помалку жртви на патиштата.

- Мотокрос спортот кој има натпреварувачки карактер, исто така, голем број од граѓаните го користат и практикуваат во рекреативни цели. Поради тоа, сакам да ја искористам оваа пригода и да напоменам дека спортистите од мотокрос спортот, се оние што треба да испратат јасна порака за граѓаните дека треба да ги почитуваат сите правила и прописи за користење на моторите и превозните средства во сообраќајот, истакна Спасески.

Додаде дека мора да се влијае на свесноста на сите учесници и да се укаже на негативните постапки во сообраќајот.

- Мора јасно и гласно сите заедно да испратиме една порака до сите учесници во сообраќајот „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“. Со тоа ќе придонесеме за безбеден и сигурен сообраќај во нашето општество, рече Спасески.

Кампањата која започна пред неколку дена наиде на широка прифатеност. Централна порака на кампањата е „Вози безбедно, вози со појас“ и се однесува на возачите на автомобили, камиони, автобуси, кои процентуално се најголеми учесници во сообраќајот.

Преку кампањата се апелира и за почитување на правилата за некористење мобилен при возење и за почитување на ограничувањето на брзината според условите на патот

17.09.2014 - 14:08


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега