ЕБОР ја намали прогнозата за економскиот раст на Југоисточна Европа

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја намали прогнозата за економскиот раст на Југоисточна Европа за оваа година поради последиците од поплавите во регионот и напнатоста во банкарскиот сектор во Бугарија.

ЕБОР ја намали прогнозата за овогодинешното зголемување на БДП на Бугарија од 1,9 проценти во мај, на 1,5 проценти главно поради проблеми во финансискиот сектор, се наведува во коминикето.

Најголема ревизија за намалување на растот банката направила за Србија и Босна и Херцеговина, бидејќи и двете земји имаа штети од поплавите на крајот на мај.

ЕБОР очекува економскиот раст на БиХ да биде 0,2 проценти, наспрема 1,8 отсто, каква што беше прогнозата во мај.

Србија најверојатно ќе падне во рецесија, при што се очекува економијата да спадне за 0,5 отсто спрема растот од еден процент при претходната прогноза.

За целиот регион банката ја преразгледала прогнозата за овогодинешниот просечен раст од 2,2 отсто до 1,9 проценти, се наведува во извештајот на финансиската институција. 

18.09.2014 - 13:00


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега