Бродови и хеликоптер во потрага по Дениса во Грција

Голема потрага во која биле вклучени бродови на крајбрежната стража, приватни бродови и хеликоптер организирале грчките власти за пронаоѓање на исчезнатата прилепчанка Дениса Мароска, јавуваат грчките медиуми. Според нив, потрагата која вчера траела до доцна вечерта не дала никакви резултати.
Дениса за последен пат била видена на 12 септември на задната палуба на туристичкиот брод кој крстарел по грчките острови. Од тогаш и се губи секаков траг. 

18.09.2014 - 13:25


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега