Мајката на Аднан Бабајиќ не ја запозна снаата- починала пред неговата свадба

Победникот на музичкото шоу „Операција триумиф“ Аднан Бабјиќ во неделата го кажа своето судбоносно „ДА“ со својата избраничка Лејла Шовшиќ.Свадбата поминала само во кругот на најблиските без посебна прослава бидејќи десет дена претходно починала мајката на Аднан, Улфета.

- Тешко ми е за тоа да зборувам. Емоциите ми се измешани. Среќен сум, но и тажен во исто време. Најтешко ми паѓа тоа што мајка ми немаше прилика да ја запознае Лејла. Таа почина во петокот, а мојата сопруга од Америка слета следниот ден. Многу ми е жал што на венчавката не беше и мојот татко кој живее во Германија, а кој се разведе од мојата мајка пред 13 години. Лејла ми е голема подршка во овој тежок период од животот“, искрено раскажува Аднан.

18.09.2014 - 19:17


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега