Црвено предупредување во Хрватска, портокалово во БиХ

Според локалните метеоролози, територија на Хрватска и Босна и Херцеговина денеска се очекува да биде зафатена од невреме со врнежи и грмотевици, поради што во Хрватска е издадено црвено предупредување на метеоаларм, а за поголемиот дел од БиХ портокалово.

Истра, Кварнер и Далмација се регионите во кои се очекува најголемо невреме, каде се очекуваат врнежи од повеќе од 70 литри на квадратен метар, а во Далмација ќе им има силна бура.

Силното наоблачување од запад денеска ќе предизвика дожд и грмежи и во БиХ.

Поројни дождови се очекуваат во Херцеговина, западните и централните подрчја на Босна поради што е издаден портокалов метеоаларм за поголемиот дел од БиХ, за регионите Бања Лука, Приједор, Ливна, Сараево и Мостар.

Бања Лука и Приједор, како што се вели во прогнозите, би можеле да бидат погодени од силно невреме, проследено со врнежи и силни грмотевици.

За останатите делови на БиХ е издаден жолт метеоаларм.

20.09.2014 - 14:23


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега