Велешани ја празнуваат Мала Богородица

Во црквата „Успение на Пресвета Богородица“  во Велес по традиција православните христијани денеска го прославуваат празникот Рождество на Пресвета Богородица на која и палат свеќи за здравје.

Инаку, утрово во црквата се отслужи Света Божествена литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Повардарски Агатангел во сослужение на свештенослужители од Епархијата.

Во предвечерјето на празникот во овој црковен храм се отслужи и Вечерна Богослужба со читање на Акатистот на Пресвета Богородива со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски Агатангел. 

Оваа црква која е позната и како Влашка почнала да се гради во 1882 година, а завршните работи биле во 1905 година откога е отворена за православните верници. Црквата посветена на Пресвета Богородица во Велес целосно беше обновена од 2009 гоидна до 2011 година. Таа за велешани  е црква за крштевки и венчавки.

21.09.2014 - 15:08


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега