ФОТО: Згаснаа два млади животи - трагедија го зави Балканот во црно

 

Дечко и девојка од Фекетиќ загинаа во страшна сообраќајна несреќа, откако со мотор марка „хонда“ излетале од патот и се забиле во ѕид. Трагедијата се случила вчера околу 3:45 часот, во која 24-годишниот А.Ј. и 20-годишната А.К. ги загубија животите, пренесе српскиот КУрир.

- Бевме заедно до два часот по полноќ. Си отидов дома и околу 4 часот ми се јавија да ми кажат за трагедијата. Кога стигнав таму не можев да верувам - двајцата лежеа на земја. Тој веднаш починал а неговата девојка била жива извесно време, но за жал починала додека да пристигне брзата помош,  рекол пријателот на загинатиот.

Тој додал и дека неговиот пријател обожавал мотори и долго време го возел моторот кој ги однесе во смрт него и неговата љубена.

22.09.2014 - 10:08
Фото: 
курир.рс


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега