ФОТО: Ова е убедливо најсексипилната гејша
Кога ќе се здружат Миранда Кер и славниот фотограф Марио Тестино тоа може да значи само едно – не очекува вистинско модно задоволство.
По повод 15. годишнината на јапонското издание на „Вог“ манекенката позираше во улога на секси гејша за насловната страна на ноемвриското издание на модната библија.
Миранда докажа дека навистина може да се претвори во било кој, бидејќи на фотографиите е речиси непрепознатлива.
Заводливата Австралијанка позираше пред славниот фотограф во повеќе традиционални јапонски комбинации со комплицирани фризури кои сепак одлично и прилегаат.
24.09.2014 - 09:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа