По 30 луѓе дневно умираат од инфаркт во Македонија

Инфаркт и мозочен удар се најчести причини за смртност во Македонија. Од вкупно 19.000 смртни случаи минатата  година дури 11.000 се од кардиоваскуларни заболувања, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје. Смртноста е најголема во Вардарскиот, а најмногу пациенти со проблеми со срцето се регистрирани во Скопскиот регион.

- Смртноста од срцевосадови заболувања во 2013 година е намалена во однос на 2014 година, изјави проф.д-р Елена Ќосевска од Институтот за јавно здравје.

Според лекарите превентивните прегледи и здравиот стил на живот со честа физичка активност, може да спречат срцев или мозочен удар. Оваа лето на пунктовите на Здравствен дом се прегледале околу 10.000 граѓани.

-  Здравствениот дом-Скопје три години по ред во летниот период спроведува превентивни активности за заштита од високи температури и топлотни бранови. Две години по ред во текот на шест месеци реализираме бесплатни превентивни прегледи заедно со Институтот за туберкулоза во Скопје на територија на државата во рурална средина во викенд период и тие извештаи ги доставуваме до Институтот за јавно здравје, изјави д-р Татјана  Баевска Вучковиќ, директор на Здравствен дом Скопје.

Бесплатни превентивни прегледи ќе има и во недела во градскиот парк кај Школка.

26.09.2014 - 00:05


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега