Монфис ги пропушта Токио и Шангај

 

Францускиот тенисер Гаел Монфис поради повреда нема да учествува на претстојните АТП турнири во Токио и Шангај.
 
Монфис на полуфиналето на турнирот во Мец го повреди коленото.
 
- За жал морам да ги пропуштам турнирите во Кина. Сега ќе се насочам кон закрепнување од повредата и што поскоро враќање на теренот.
 
Монфис нема да биде ниту во составот на француската репрезентација за Дејвис куп пресметката со Швајцарија која почнува во Лил на 21 ноември.

26.09.2014 - 10:24


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега