Чешка без Јиха на дуелот со Македонија
Ракометарот на Кил и на репрезентацијата на Чешка Филип Јиха ќе го пропушти дуелот од квалификациите за Европското првенство 2016 година што ќе го играат Чешка и Македонија.
Поради операцијата на скочниот зглоб на левата нога Јиха ќе паузира најмалку шест недели, што автоматски значи дека нема да игра на дуелот од квалификациите. Чешка и Македонија ќе играат на 2-ри ноември во Злин, Чешка.
Македонија првиот натпревар од квалификациите го игра на 29-ти октомври во Скопје со Швајцарија. Во групата е уште и европскиот првак Франција против кого Македонија ќе игра во 2015 година.
Публиката и во Скопје нема да има можност да го гледа Јиха во дресот на Кил. Германскиот тим се наоѓа во иста група со македонскиот шампион Металург во натпреварите од Лигата на шампионите. Кил во Скопје треба да гостува на 18-ти октомври.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа