Реваншот помеѓу Вардар и Шкендија закажан за 22 октомври

 

Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија го прифати барањето на ФК Вардар и донесе одлука реванш натпреварот од осминафиналето на Купот на Македонија со Шкендија Тетово да се игра на 22. октомври (среда) на Националната Арена „Филип Втори“.

Натпреварот се одложува и нема да се игра во предвидениот термин поради настап на три фудбалери од екипата за националната селекција на Ерменија.

Почетокот на натпреварот е закажан во 14:30 часот.

Првиот натпревар од осминафиналето во средата Шкендија на домашен терен го доби со 2:1.

26.09.2014 - 20:35

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега