Кире Лазаров ја почнува својата 19-та сезона во Лигата на шампионите

 

Од сезоната 1994/95 година, кога дебитираше во дресот на Борец како младо момче на натпреварите со Динамо Букурешт и Елгоријага Бидасоа, Лигата на шампионите е вообичаен сопатник за Кирил Лазаров.

Секоја година со исклучок на сезоната 1997/98, кога со Пелистер настапуваше во ЕХФ Купот, капитенот на нашата ракометна репрезентација е рекордер по бројот на голови, а се ближи и до вечните рекорди по бројот на одиграни натпревари во најсилниот куп.

Носејќи го дресот на Борец, Пелистер, Загреб, Фотекс Веспрем, Сиудад Реал (Атлетико Мадрид) и Барселона, Лазаров многу често бил блиску до титулата и по стариот систем на двомеч се до титулата и по новиот со Фајн фор.

Во Келн Македонецот настапувал три пати и има 2 втори и 1 трето место. По тројната светска титула освоена во Доха, Кирил Лазаров ја брка единствената голема титула која му недостига во 19 свое издание на Купот или Лигата на шампионите. Од овој викенд од Шведска тргнува походот кој завршува на крајот на мај наредната година во „Ланксес арена„

.Можеби оваа е вистинската година за Барса и Лазаров да ги соединат желбите и да се искачат на врвот на ракометна Европа

Превземено од lazarovkiril7.com

27.09.2014 - 11:52
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега