СОНК го стави штрајкот во мирување
Најавениот штрајк во образованието, кој беше најавен за утре, се става во мирување, е заклучокот од средбата на делегација на раководството на СОНК и министерот за образование, Абдулаким Адеми, која заврши предмалку, дознава Либертас.
Порталот пишува дека двете страни договориле социјалниот дијалог кој го бара синдикатот да продолжи за сите нивни барања освен, она за поголеми плати.
Образложение на министерот било дека буџетот е веќе скроен и нема простор за корекции освен оние од 4 отсто кои ќе ги добие целата државна администрација. Дијалогот меѓу СОНК и владата ќе продолжи преку работни групи кои ќе ги разгледаат барањата на наставниците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа