Јанакиески: Инфраструктурните проекти двигател на економскиот раст
Македонија има највисок економски раст споредбено со сите земји во Европа. Тоа покажува дека се исправни политиките на Владата на РМ. Покрај извозот и странските директни инвестиции, двигател на економијата во земјава е и градежништвото со раст од над 5 отсто, вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во своетогостување во вестите на Канал 5 телевизија.
-Од она што е најзначајно да се издвои што предизвикува толкав голем раст на градежништвото се трите автопати кои се градат во исто време. Тоа е автопатот од Скопје до Штип кој во овие 100 дена се проби најголем дел од трасата, потоа автопатот од Демир Капија до Смоквица, проект кој треба да заврши во 2016 година, веќе скоро 50 отсто од градежните работи се завршени и автопатот од Кичево до Охрид. Тоа се три автопатишта со сума нешто над 700 милиони евра и Македонија е една од ретките земји во Европа каде што во исто време се градат три автопатишта, вели Јанакиески.
Тој додава дека со почетокот на изградбата на автопатиштата постојано има нови огласи за вработување.
-Дури имаме и проблем да најдеме доволен број на градежни работници. Над 1000 работници работата во моментов на изградба на автопатиштата. Добро е тоа што некаде 70 проценти од градежните работи ги извршуваат домашни компании. Во овие 100 дена успеавме да завршиме околу 49 локални патишта, каде што повторно беа активирани нашите градежни компании, завршивме 29 километри регионална патна мрежа. Градежништвото и во иднина ќе има еден значаен импулс во развојот на македонската економија, вели Јанакиески.
Целото гостување на Јанакиески во вестите на Канал 5 погледнете го во видеото...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа