Кајмакоски новиот мотиватор на македонските фудбалери
Даниел Кајмакоски македонската пејачка ѕвезда е новиот промотор на фудбалската репрезентација и тој од денеска официјално стана дел од „рисовите“.
Кајмакоски во обид дополнително да ги мотивира македонските репрезентативци и навивачите, на 9 октомври пред натпреварот со Луксембург ќе има 60 минутно шоу на „Филип Втори“.
- Среќен сум што во рацете го држам националниот дрес на Македонија.
Јас сум вљубеник во спортот и особено во фудбалот. Само ако се има верба во себе и истрајност може да се оствари посакуваното.
Морам да кажам дека овие момчиња што играат моментно за Македонија ги запознав во Шпанија и сите се многу воспитани и културни луѓе.
Верувам дека во иднина ќе имаат повеќе успеси, изјави Кајмакоски.
Стружанецот од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски доби дрес со број 20.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа