„Трансфер бомба на ФФМ“: Тричковски трампан за Даниел Кајамакоски

 

Во следниов квалификациски циклус ќе ја имам таа чест да соработувам со ФФМ и се радувам на тоа како мало дете, што имам мој дрес со број и име. Се запознав со играчите во Шпанија и ме одушеви тоа што добро ме прифатија како пријател. Едно е јасно, дека без поддршка од нашите луѓе немаше да го постигнам успехот кој го имам- изјави Кајмакоски. 

  Даниел Кајмакоски, официјално стана промотор на настапите на македонската фудбалска репрезентацијата. Претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски истакна дека вербата во себе, упорноста и истрајноста се карактеристиките кои не поврзуваат и ќе бидат заедничко мото во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство.  

 - Не радува соработката со Даниел Кајмакоски како заштитно лице на ФФМ и репрезентацијата во квалификацискиот циклус. Даниел е млад човек со интересна животна приказна. И покрај сите тешкотии и препреки веруваше и верува во себе и своите квалитети и никогаш не се откажува од својот сон. Тежок е патот до успехот, за да се стигне до него потребна е многу напорна работа, но пред се верба во себе, упорност и истрајност пред сите препреки. Токму овие карактеристики не поврзуваат со Даниел и ќе бидат заедничко мото, водилка на патот кон успехот, изјави претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

 

И додека федерацијата ги облекува пејачите во дресови, фудбалерите своите ги „закачуваат на шајка“. По Пандев, официјално збогум на репрезентацијата и речи и Трилковски.
Со тоа, Македонија стана единствената земја во регионот чии најдобри фудбалери се збогуваа со репрезентативниот дрес уште пред да наполнат 30 години. На пример, Грците на Светското првенство во Бразил имаа фудбалери и постари од 37 години, но за челниците во ФФМ, тоа очигледно не е проблем.  Уште помал проблем изгледа е фактот дека на ранг листата на ФИФА тонеме од месец во месец па се поставува прашање, кога раководството предводено од Илчо Ѓорѓиевски ќе се реши да ја превземе одговорноста и да му го препушти кормилото на некој кој виситнски му сака добро на македонскиот фудбал?

Голем број македонски прволигаши се крајно незадоволни од односот на федерацијата, а меѓу нив, се издвојува Вардар чии навивачи по серијата чудни казни се се погласни, клубот да го напушти натпреварувањето во домашното првенство и да побара приклучување во лигите на некоја од соседните држави.

29.09.2014 - 23:05

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега