ФОТО: Пандев и Снајдер како манекени
Експедицијата на Галатасарај утрово со чартер лет отпатува во Лондон, каде во среда ќе го одиграа вториот меч од Лигата на шампионите во рамките од групата Д против Арсенал. Во составот се најде и македонскиот интернационалец Горан Пандев, но дали ќе настапи од првата минута против „Топџиите“ не се знае.
На својата официјална Фејсбук страница турскиот тим објави фотографии направени во авионот за време на летот кон Лондон на кои се најде Пандев во друштво со Снајдер облечени во костими, како манекени.
30.09.2014 - 12:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа