Адеми:Ќе играм за Македонија

 

Адријан Адеми фудбалерот на Динамо Загреб своето дерби за националниот тим ќе го има против Луксембург.

Претходно Адеми има два меча, односно во Лигата на Европа против Селтик на гости, а потоа и во домашниот шампионат со Локомотива Загреб.

Адеми во изјавата за Македонскиот спорт потврди дека доаѓа да заигра за репрезентацијата, и покрај фактот што се појавија шпекулации дека и натаму размислува, а потоа и дека на последниот меч заработил повреда.

„Не, нема никакви проблеми и нема никаква повреда. Доаѓам на собирот во понеделник. Јас веќе кажав дека ќе играм за Македонија и стојам на таа одлука. На последниот меч во хрватскиот шампионат бев заменет од тактички причини“, вели Адеми кој се подготвува за натпреварот со Селтик.
„Тоа ќе биде тежок натпревар и тешко гостување од кое сите очекуваме добар резултат.“, кусо изјави Адеми.
Фудбалерот на Динамо треба да биде големо засилување во нашиот национален тим во средината на теренот каде што имаме многу проблеми.

 

 

30.09.2014 - 11:58

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега