Започнува второто коло во фудбалската Лига на шампиони

 

Со осумте натпревари од 2.коло во групите Е, Ф, Г и Х вечер продолжуваат возбудувањата во фудбалската Лига на шампиони.

Први стартуваат ЦСКА Москва и Баерн Минхен. Оваа средба почнува во 18 часот, а од групата Е уште играат и Манчестер Сити - Рома. 
Табела: Рома 3 бода, Баерн Минхен 3, Манчестер Сити 0, ЦСКА Москва 0.

Двојки во групата Ф: ПСЖ - Барселона и АПОЕЛ - Ајакс. 
Табела: Барселона 3 бода, ПСЖ 1, Ајакс 1, АПОЕЛ 0.

Г-група: Спортинг Лисабон - Челзи и Шалке - Марибор. 
Табела: Челзи 1, Шалке 1, Марибор 1, Спортинг 1.

Натпревари од групата Х: Шахтјор - Порто и БАТЕ Борисов - Атлетик Билбао. 
Табела: Порто 3 бодови, Атлетик Билбао 1, Шахтјор 1, БАТЕ Борисов 0.

Освен дуелот во Москва, другите средби почнуваат во 20 часот и 45 минути.

30.09.2014 - 13:17

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега