Вардар подобар од ППД Загреб во СЕХА лигата

 

Во рамките на СЕХА лигата ракометарите на Вардар забележаа победа во дуелот против ППД Загреб со 32:29 полувреме 19:16.

Во натпреварот од 5.коло одигран вчеравечер во СРЦ „Кале’’ во Скопје пред околу 2.000 гледачи, Вардар стигна до петтиот триумф во ова натпреварување, а беше предводен од Добривоје Марковиќ, кој постигна 10 голови.

Клучната предност „црвено-црните“ ја направија на стартот од дуелот кога имаа серија од 5:0 за водство од 6:2. Гостите од Загреб предводени од поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ само во неколку наврати успеаја да се доближат на два гола негатива.

Со оваа победа македонскиот вицепрвак се зацврсти на второто место на табелата со 15 бодови, три помалку од лидерот Веспрем кој има максимални 18 бодови.

По нив следуваат: Татран Прешов и ППД Загреб по 9 бодови, Мешков Брест и Металург по 6 бодови. 

 

01.10.2014 - 09:32

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега