Ѓоковиќ си обезбеди пласман во четвртфиналето во Пекинг
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Пекинг. Тој во мечот од второто коло го победи Вашек Поспишил со 6:3 и 7:5 во гемови.
На огранизаторите во Пекинг проблем им прави дождот поради што програмата е редуцирана и од машките мечеви закажан е уште дуелот меѓу Џон Изнер и Томи Робредо.
Во женска конкуренција завршија два меча. Саманта Стосур ја совлада Каролине Вознијацки со 2:0 во сетови, откако во вториот сет спаси пет сет топки.
Пласман во следното коло избори и Петра Квитова со победата над Шуи Пенг, а ќе се играат мечевите меѓу Лорен Дејвис против Ализ Корне и Марија Шарапова против Суарез Наваро
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа