Објавен списокот на ракометарки кои ќе настапат против Италија

 

Женската ракометна репрезентација на Македонија против Италија (двомеч) ќе ги почне квалификациите за Светското првенство 2015 година. На листата на репрезентативки повторно се најде името на Марија Шетриова што значи нејзино враќање. Првиот собир е закажан за недела во салата „Кале“, а селекторот Магдинчев има повикано девет ракометарки кои настапуваат во странство.

Голмани: Наташа Антиќ, Драгана Петковска и Ивана Зафирова.

Крила: Јована Саздовска, Драгица Митрова, Симона Николовска, Сара Ристовска.

Бекови: Дајана Јовановска, Теа Керамитчиева, Андреа Белеска, Габриела Величковска, Ивана Саздовски, Душица Ѓорѓиевска, Зорица Десподовска, Симона Гроздановска, Марија Штериова и Елена Ѓорѓиевска.

Пикери: Робертина Мечевска и Ленче Илкова.

Резерви: Елена Ливриниќ и Маја Ивановска.

Првиот натпревар Македонија го игра во Скопје, на 9 октомври во СРЦ „Кале“. 

01.10.2014 - 15:52

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега