Арсен Венгер одбележа 18 години на кормилото на Арсенал

 

На денешен ден во 1996. година Арсен Венгер стана менаџер на Арсенал. Францускиот стручњак Топџиите ги води на 1009 утакмици во кои остварил 577 победи, 238 ремиа и 194 порази.

Во овие 18 години Венгер со Арсенал освои 3 Премиерлиги, 5 ФА купови, 4 Суперкупа, а играше и во финалето на Лигата на шампиони во 2006. година и во финалето на Купот на УЕФА во 2000 - та.

Додека е Венгер на чело на Арсенал, останатите 43 премиерлигашки клубови вкупно смениле 207 тренери.

Рекордер е Челзи со 12, потоа следуваат Њукасл, Саутемптон и тотенхем со 11...

 

01.10.2014 - 18:04

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега